Заштита од кибернапади
Дигитализацијата носи поголема ефикасност и подобри услуги, но енергетскиот сектор мора да биде заштитен од кибернапади...

Два кибернапада минатата година. Македонија успеала да се справи со заканите, но предизвикот е како да спречи ваквите напади да го загрозат енергетскиот систем. Изработени два документи, методологија за формирање посебен тим за брза реакција при кибернапад и проценка на безбедноста во енергетскиот сектор кој ќе овозможи побрзо откривање на нападите, навремена размена на информации и подобра координација меѓу институциите и енергетските компании.
Со овие механизми енергетските субјекти ќе добијат појасна рамка за тоа како да постапуваат при безбедносни инциденти, но и кому да се обратат и кои информации да ги споделат.
„Денеска не e само покажување на резултатите на овој важен проект, туку е и уште еден чекор кон јакнење на отпорноста на критичната инфраструктура на Северна Македонија, јакнење на националните кибер капацитети и подготовка за предизвиците на растечката дигитална иднина“, изјави Ана Чернишова, заменичка на постојаниот претставник на УНДП Северна Македонија.
Целта на долг рок – спречување на кибернападите кои би можеле да го загрозат снабдувањето со електрична енергија и да предизвикаат проблеми за граѓаните и компаниите.
Во време на забрзана дигитализација зајакнувањето на безбедносниот систем бара заеднички пристап.
Ана Јосифоска
