Национална стратегија за побезбеден сообраќај за периодот 2026–2030
Нови мерки и стратешки приоритети за поголема безбедност на патиштата денеска ќе бидат претставени со Националната стратегија за периодот 2026–2030 година. Документот предвидува конкретни активности за унапредување на сообраќајната безбедност и заштита на човечките животи.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска ќе ја претстави Националната стратегија за безбедност во сообраќајот за периодот од 2026 до 2030 година.
На промоцијата ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која ќе има свое обраќање.
Предвидено е да бидат претставени приоритетите на стратегијата, како и акцискиот план со конкретни мерки и активности за нејзино спроведување. Документот ги утврдува насоките за подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на ризиците по човечките животи.
