ЗЕЛС

Локалната самоуправа и јавните набавки во фокусот на состанокот со ЕУ

04.11.2026 10:01

Улогата на локалните власти во евроинтегративниот процес и предизвиците во јавните набавки се главните теми на 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ, што денеска се одржува во Скопје. На средбата учествуваат 22 делегати од земјава и од Европската Унија.

Скопје денеска е домаќин на 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија. Во фокусот на разговорите се улогата на локалните власти во пристапувањето кон ЕУ и јавните набавки.

Состанокот го организира Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), а во Комитетот членуваат 22 делегати – по 11 од Македонија и од Комитетот на регионите на ЕУ, избрани од редовите на градоначалниците и советниците.

На првата сесија ќе се дискутира за пристапниот процес на земјава и улогата на локалната самоуправа во спроведувањето на реформите. Втората сесија ќе биде посветена на јавните набавки, со учество на домашни и странски експерти.

Изјави за медиумите се најавени за 11 часот, кога ќе се обратат претставници на ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Комитетот на регионите на ЕУ.