„Чеиз“ - изложба на Верица Димеска во Музеј на град Скопје
Авторката ќе се претстави со слики во кои го преиспитува односот помеѓу традицијата и современието. Идејата за проектот се раѓа во март 2023 година, кога пронаоѓа отфрлени ткаенини, везени платна и постелнина покрај кејот на Вардар.

На 6 ноември во 20.00 часот во Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на Верица Димеска насловена Чеиз. Авторката ќе се претстави со слики во кои го преиспитува односот помеѓу традицијата и современието. Идејата за проектот се раѓа во март 2023 година, кога пронаоѓа отфрлени ткаенини, везени платна и постелнина покрај кејот на Вардар.
Спасени од заборавот и распаѓањето, овие предмети, по три години, стануваат основа за ново ликовно истражување во кое личната меморија, културното наследство и современиот визуелен израз се преплетуваат во единствена целина. Со реафирмирање на македонскиот вез и неговото интегрирање во современ ликовен контекст, Димеска ја преобразува традицијата во простор за критичко промислување на денешницата
