Европа
Закани за бомба во ист ден за седум авиони
04.11.2026 14:20
Два лета од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави...

Седум патнички авиони низ Европа, од кои два кои полетаа од Обединетото кралство, беа подложени на проверки по серија закани за поставени бомби. Два лета од Даблин и од Лисабон – беа претресени по слетувањето во Рим, откако биле добиени анонимни дојави.
Сепак, експлозиви не биле пронајдени. Иако официјално нема поврзаност меѓу овие случаи, надлежните органи од различни земји ќе соработуваат за да утврдат дали станува збор за координиран напад, чија цел е да го наруши одвивањето на воздушниот сообраќај.
