Македонија

Министерството за транспорт бара Обвинителството да постапи по ревизорските извештаи за Македонски железници

05.11.2026 15:53

Министерството за транспорт го повикува Јавното обвинителство да ги провери наодите од ревизорските извештаи за Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура. Од Министерството обвинуваат дека претходните раководства, кои биле кадри на СДСМ и ДУИ, ги довеле двете јавни претпријатија на работ на пропаст. Извештаите се однесуваат на финансиското работење и усогласеноста за периодот до 2024 година.

Министерството за транспорт бара Јавното обвинителство и надлежните институции да постапат по наодите во ревизорските извештаи за работењето на двете јавни претпријатија – Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура.

Од Министерството обвинуваат дека СДСМ и ДУИ ги уништиле јавните железнички претпријатија во периодот кога со нив раководеле кадри на овие партии. Според нив, во ревизорските извештаи се нотирани клучни проблеми и неправилности кои биле игнорирани од претходните раководства и поради кои претпријатијата биле доведени на работ на пропаст.

„Апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија“, наведуваат од Министерството за транспорт, додавајќи дека извештаите во целост ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

Од Министерството посочуваат дека Државниот завод за ревизија треба по службена должност да ги испрати извештаите до надлежните институции и бараат тие да постапат согласно утврдените наоди.

Ревизијата на двете јавни претпријатија се однесува на работењето до 2024 година и ги опфаќа финансиските извештаи, како и усогласеноста на работењето. Според Министерството, извештаите се изготвени на барање на актуелните раководства, кои веќе презеле мерки за утврдените проблеми.