Македонија

Полициска акција против криминална група во Куманово

05.11.2026 16:47

Во голема полициска акција против организирана криминална група што од утрово се спроведува во Куманово, меѓу приведените е и Драган Петровски-Штука. Тој е осомничен дека бил организатор на групата која подолг период дејствувала на кумановското подрачје.

Во тек е акција за сузбивање на организирана криминална група во Куманово. Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според сомневања на истражните органи станува збор за група која подолг период дејствувала на подрачјето на Куманово.

Од МВР и ОЈО информираат станува збор за повеќе кривични дела, меѓу кои изнуда, перење пари, несовесно работење во службата.

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК во врска со кривичните дела-информираат од МВР.

Акцијата сè уште е во тек.

Низ Куманово се вршат претреси на повеќе места поврзани со осомничените. Предмет на проверка се и нотарски канцеларии, менувачници, поради можна поврзаност со активностите.

Акцијата следи по долготрајна оперативна истражна работа на полицијата и обвинителството. Надлежните најавуваат нови детали и информации во текот на денот.

Елена Георгиевска