Белгија

Изгласан претрес на домовите на мигрантите

06.11.2026 13:49

Белгискиот парламент изгласа контроверзен закон што ѝ дава на полицијата овластување да влегува во домовите на недокументирани мигранти ...

Белгискиот парламент изгласа контроверзен закон што ѝ дава на полицијата овластување да влегува во домовите на недокументирани мигранти на кои им е наредено да ја напуштат земјата.

Мерката е дел од поширок пакет мерки на десничарската коалициска влада на премиерот Барт де Вевер, кој има за цел да ја ограничи миграцијата и да ја забрза депортацијата на луѓето чии барања за престој се одбиени.

Групите за човекови права и адвокатите остро се спротивставуваат на законот.