Исплата на социјална помош

06.11.2026 19:22

Започна исплатата на социјална помош на шалтерите во главната филијала во Битола. Шалтерите ќе работат и утре, а од наредната недела најавено е и отворање шалтери во други градови.

Непречено, без проблеми и подолги задржувања, тече исплатата на шалтерите во главната филијала на Алта банка во Битола. Од вчера пензионерите без платежни картички, а денес и корисниците на социјална помош, без проблеми подигнуваат готовина во максимален износ од 20 илјади денари, и без добиена СМС-порака.

Покрај на пензионерите и корисниците на социјална помош, банката им излегува во пресрет и на останатите граѓани на кои им се блокирани картичките или им се со истечена важност. Додека услугата за одјава од банката се најавува за наредната недела.

Шалтерите во битолската банка ќе работат и утре до 16:30 часот. Заради зголемен интерес за отворање сметки, и дел од останатите банки го продолжија своето работно време.

Народната банка продолжува да презема активности за изнаоѓање решенија за надминување на проблемот – како на граѓаните, така и на компаниите. Од наредната недела ќе се отворат шалтери и во други градови.

Во Алта банка сметки имаат 11.500 пензионери, од кои 3.500 без картички, како и 5.500 корисници на социјална помош. Вчера биле испратени 400 СМС-пораки, а 556 граѓани подигнале средства од своите сметки.

Александра Максимовска