Брнабиќ ја закажа конститутивната седница на Собранието за 17 ноември
Одлуката е донесена откако Изборната комисија го соопшти конечниот резултат од изборите и ги додели мандатите на новоизбраните пратеници.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ ја закажа првата седница на новиот состав на 17-ти ноември во 10 часот. Одлуката е донесена откако Изборната комисија го соопшти конечниот резултат од изборите и ги додели мандатите на новоизбраните пратеници.
Брнабиќ соопшти дека на првата седница ќе има шест точки на дневен ред, потврда на мандатите на пратениците, избор на претседател, потпретседатели, генерален секретар и работни тела на парламентот.
„До изборот на нов претседател на Народното собрание, седницата ќе ја води најстариот пратеник, професор Стојан Раденовиќ. Седницата ќе започне со потврдување на мандатите на пратениците. Со конституирањето на Народното собрание на Република Србија, ќе започне работата на новиот парламентарен состав, 15-ти по ред“, изјави Брнабиќ.
