МВР

Тошковски најави нови можности за вработување на најдобрите студенти во МВР и проширување на интервентната полиција

09.11.2026 19:24

Тошковски посочи дека со законските измени ќе се овозможи соработка меѓу МВР и високообразовните институции, кои ќе учествуваат во изборот на најдобрите дипломирани студенти. Предвидено е годишно да се ангажира најмалку по еден студент од институциите со кои ќе бидат склучени договори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за директно ангажирање на најдобрите дипломирани студенти од државните универзитети во МВР, како и воспоставување интервентна полиција на територијата на целата држава. За реформите во полицијата, дигитализацијата и примената на современите технологии говореше на предавање пред студентите и професорите на Филозофскиот факултет во Скопје.

Тошковски посочи дека со законските измени ќе се овозможи соработка меѓу МВР и високообразовните институции, кои ќе учествуваат во изборот на најдобрите дипломирани студенти. Предвидено е годишно да се ангажира најмалку по еден студент од институциите со кои ќе бидат склучени договори.

Тој се осврна и на обновувањето на Полициската академија и повторното воведување на средното полициско образование, како и на континуираните обуки за полициските службеници.

Најави и проширување на моделот на интервентната полиција од Скопје на целата територија на државата, со цел побрзо и поефикасно справување со криминалот и нелегалната трговија со дрога.

Во однос на дигитализацијата, Тошковски го истакна проектот „Безбеден град“, посочувајќи дека примената на современите технологии, заедно со засилените контроли и превентивните активности, придонесува за подобрување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на загинати и повредени.

Информираше и дека МВР е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на Светскиот полициски самит во Дубаи, за резултатите во сообраќајната безбедност и проектот „Безбеден град“.