Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествува на деветтото издание на Парискиот мировен форум, кој годинава се одржува под мотото „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусија посветена на суверенитетот во ерата на хибридни закани, а ќе присуствува и на свечена вечера што ја приредува францускиот претседател Емануел Макрон...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Таа денеска ќе присуствува на отворањето на форумот, кој годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе присуствува и на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади, учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Основан во 2018 година, Парискиот мировен форум е меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.
