27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“
Фестивалот годинава ќе започне со свечениот концерт „60 години ФМУ – Скопје“, во изведба на студентите на Факултетот за музичка уметност. Повторна изведба на концертот е предвидена на 23 ноември, понеделник, во 20 часот, на истата локација.

На 11 ноември, среда, во 20 часот, во концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе биде отворено 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“.
Фестивалот годинава ќе започне со свечениот концерт „60 години ФМУ – Скопје“, во изведба на студентите на Факултетот за музичка уметност. Повторна изведба на концертот е предвидена на 23 ноември, понеделник, во 20 часот, на истата локација.
Пет концертни вечери, различни музички состави и уметнички интерпретации ќе го одбележат годинешното издание на „Есенски музички свечености“, кое традиционално го организира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“.
На 16 ноември, понеделник, во 20 часот, во Салонот 19:19 на Културно-информативниот центар – Скопје, камерен концерт ќе одржи српското „SOUNDSCAPE TRIO“. Концертот е насловен „Меѓу насмевките и солзите“, а триото го сочинуваат Андрија Минчиќ на кларинет, Тадија Минчиќ на фагот и Никола Цветковиќ на пијано.
На 25 ноември, среда, во 20 часот, во истиот простор, ќе се одржи концертот „Сонатни приказни“ на дуото Зоран Станишиќ – пијано и Стефан Котевски – виолина. Како гости ќе настапат Јосипа Василевска на флејта и Злате Огњановски на фагот.
Последната фестивалска вечер е закажана за 26 ноември, четврток, во 20 часот, во Салонот 19:19 на КИЦ. На програмата е солистички концерт на виолинистката Хатиџе Салиева, посветен на едно од најпознатите дела на Антонио Вивалди – „Четирите годишни времиња“.
