Дончиќ и Брансон прогласени за играчи на неделата во НБА

10.11.2026 10:27

Лука Дончиќ и Џејлен Брансон се најдобри кошаркари во Западната и Источната конференција во НБА-лигата. Дончиќ имаше просек од 45 поени по натпревар, а Брансон ги предводеше Никси до три победи во три натпревари.

Бекот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, и плејмејкерот на Њујорк никс, Џејлен Брансон, се прогласени за играчи на неделата во НБА-лигата, соопшти прес-службата на лигата.

Дончиќ ја доби наградата во Западната конференција, откако минатата недела им помогна на Лејкерси да остварат максимален учинок од четири победи на четири натпревари. Словенечкиот кошаркар имаше просек од 45 поени, седум скока и 8,3 асистенции по натпревар.

Дончиќ претходно постави и историско достигнување, станувајќи првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 35 поени, пет тројки и пет асистенции на шест последователни натпревари.

Во Источната конференција, признанието му припадна на Џејлен Брансон. Њујорк никс забележаа три победи на три натпревари, а Брансон имаше просек од 27,7 поени и 6,3 асистенции, со успешност од 42,9 проценти во шутот за три поени.