Венгер може да се кандидира за претседател на ФИФА
10.11.2026 10:32
Како што објави „Л’Екип“, 77-годишниот Французин, кој е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да му се спротивстави на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино.

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, размислува да се кандидира за претседател на ФИФА.
Како што објави „Л’Екип“, 77-годишниот Французин, кој е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да му се спротивстави на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино.
Венгер планира да донесе конечна одлука за својата кандидатура кон средината на следната недела.
Изборите за претседател на Светската фудбалска асоцијација ќе се одржат на 18 март на конгресот во Рабат, Мароко.
Инфантино ја води ФИФА од 2016 година.
