Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
Продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на соработката во областите од заеднички интерес биле во фокусот на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.
Како што информираше Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, на средбата била истакната важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување.
Во фокусот на разговорите била и можноста за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.
Мицкоски посочил дека Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и отворање нови можности за соработка.
