Партиски препукувања
СДСМ бара Обвинителството да истражи дали имало незаконитости при влезот на банката на домашниот пазар. Од ВМРО-ДПМНЕ топката ја префрлија кон поранешната власт...

Кој ја донесе Алта банка во Македонија, со чија поддршка и со каков капитал? Лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче, бара Обвинителството да истражи дали имало незаконитости при влезот на банката на домашниот пазар. Сомнежите ги прошири и на најавената продажба, прашувајќи како ќе се реализира аукцијата, ако законот бара да опфати најмалку две банки и во кое својство премиерот Мицкоски посредува во процесот и бара купувачи. СДСМ, вели Филипче, ќе бара одговорност и преку надзорна расправа во Собранието.
Од ВМРО-ДПМНЕ топката ја префрлија кон поранешната власт, отворајќи прашања за прилив на 110 милиони евра од Венецуела, испрани преку Еуростандард банка. Од партијата прашуваат дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите.
Од Владата најавија дека Алта банка нема да нема оди во стечај, а наскоро ќе се организира аукција и ќе има нов сопственик.
Анита Димитријевска - Велковска
