Димитриеска Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите економски околности
Буџетот е стабилен, тврди власта. Дефицитот расте, предупредува опозицијата. Жестока собраниска дебата за ребалансот - помалку приходи, повеќе пари за социјални трансфери и критики за кратењето на капиталните расходи...

Дополнетиот ребаланс не произлезе поради проблеми со ликвидност во Буџетот, туку е навремена реакција на новите економски околности, последица од глобалната неизвесност и преземените мерки од страна на владата за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот – истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Ги уверува народните избраници дека касата е стабилна и обезбедено е потребното финансирањ. Вели, се прави неопходно приспособување на приходите и расходите со цел поголема буџетска дисциплина, без да се доведе во прашање редовното исполнување на обврските на државата истакна Димитриеска - Кочоска.
Власта во одбрана на пректроените проекции, опозицијата со низа критики дека дефицитот и јавниот долг растат. Се намалуваат капиталните расходи, нема ништо околу покачувањето на минималната плата.
Со дополнетиот ребаланс на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари од претходно проектираното. Обезбедени се дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоци и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита.
Миле А. Ристески
