Продолжува судењето за „Пулс“
Денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На претходното рочиште, обвинителството изрази сериозни забелешки за трите вештачења и за работата на градежниот вештак Петре Русески, оценувајќи дека не ги исполнува потребните законски, стручни и методолошки стандарди.
Одбраната на обвинетата Милка Едровска, пак, преку техничкиот советник Османли Јорго ја оспори правната валидност на проектната документација од 2012 година, тврдејќи дека таа била делумна, нецелосна и без ревизија.
Во пожарот на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето започна на 19 ноември истата година.
