Свет
КОП31 во Анталија: Климатските предизвици во фокус
11.11.2026 13:15
На самитот ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за климатските предизвици...

Лидерски самит во рамките на 31 Конференција на Обединетите нации за климатски промени – КОП31 во Анталија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од македонската државна делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември престојува во работна посета на Турција.
На самитот ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за климатските предизвици, мерките за намалување на последиците од климатските промени и зајакнувањето на меѓународната соработка.
