Синер се надева на настап на Австралија опен
Вториот тенисер во светот, Јаник Синер, очекува да биде целосно подготвен за Австралија опен, кој ќе се игра од 17 до 31 јануари идната година. Италијанецот најави дека пред првиот грен-слем турнир во сезоната би можел да настапи и на неколку турнири, но потенцира дека нема да брза со закрепнувањето од повредата на коленото.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се надева дека ќе биде подготвен за настап на Австралија опен, откако повредата на коленото го принуди предвреме да ја заврши оваа сезона.
На денешната прес-конференција во Милано, вториот тенисер на АТП-листата изјави дека главна цел му е целосно да закрепне и да биде подготвен за првиот грен-слем турнир во новата сезона. Притоа, најави дека пред Австралија опен планира да настапи и на неколку турнири, доколку закрепнувањето се одвива според планот.
„Целта е да одам во Австралија. Се надевам дека ќе можам да стигнам таму и можеби да одиграм неколку турнири пред тоа. Во моментов, морам да го следам протоколот и да не брзам со ништо. Имам голема доверба во процесот и работам кон остварување на таа цел“, изјави Синер.
Италијанецот последниот настап го имаше по одбраната на титулата на Вимблдон во јули, кога во финалето го совлада Александар Зверев. Отсуството на Синер му овозможи на германскиот тенисер да го преземе првото место на АТП-листата.
Главниот турнир на Австралија опен е закажан од 17 до 31 јануари 2027 година.
