Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Министерот за спорт Борко Ристовски се сретна со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација, Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата беше потврдена подготвеноста за соработка и поддршка на активностите за развој на скијачките спортови и подобрување на условите за спортистите.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.
На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.
Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата, насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.
На средбата беше потврдена важноста на континуираната соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.
