Расправа за Алта банка
Банката нема да банкротира како што тоа беше случајот со Еуростандард, рече премиерот. Според гувернерот Славески состојбата во банката и нејзиниот биланс се здрави и солидни...

Кој е одговорен за Алта банка, како бил проверуван капиталот и дали ќе се најде нов сопственик. Премиерот уверува – банкарскиот систем е стабилен, банката е ликвидна и ќе има нов сопственик. Мицкоски покажа документ, одлуката за влез во Стопанска банка Битола била гласана во 2023 за време на власта на СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Филипче го обвини премиерот дека ја извртува содржината на владина одлука од 24 октомври 2023. Според него, тогашната Влада не дала дозвола за откупување на акциите на банката, туку го задолжила Државното правобранителство да го заштити државниот интерес.
Опозицијата побара оставка од Гувернерот, го обвини дека ја урнисал довербата и ја го довел во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Банката и нејзиниот биланс се здрави и солидни – порача Славески. Тврди документите од официјалните институции не укажуваат на ништо спорно.
Надзорната расправа во Собранието прерасна во мегдан за политичка пресметка со жестоки обвинувања.
Поради случувањата во Србија, на 1 ноември, во согласност со законските овластувања, извршниот одбор на Народна банка донесе одлука за воведување администрација во Алта банка АД Битола.
Борис Грујоски
