Во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата.

Пред пратениците во рамките на денешната собраниска седница се вкупно 15 точки. Пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (во второ читање), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ) и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.
