Меѓународен конгрес по оториноларингологија
Реномирани домашни и странски лекари и професори во Скопје на Петтиот национален конгрес по оториноларингологија. Во фокусот се современите дијагностички методи, оперативните техники и размената на медицински знаења и искуства.

Во Скопје денеска почнува Петтиот национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат, со меѓународно учество, кој ќе трае до 14 ноември.
На конгресот ќе учествуваат реномирани професори, лекари и експерти од САД, Турција, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија и Црна Гора, заедно со домашни специјалисти.
Во фокусот ќе бидат современите дијагностички пристапи, оперативните техники, заболувањата на увото, носот и грлото, како и хирургијата на глава и врат. Предвидени се стручни предавања, дискусии и презентации на научни трудови, со цел размена на искуства и унапредување на медицинската практика.
