Евростат

Убиствата во земјава со намалена стапка

12.11.2026 11:23

Македонија со стапка од 1,10 убиства на 100 илјади жители во 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во споредба со земјите од регионот, повисока стапка имаат Црна Гора и Бугарија, а во земјава во изминатата деценија се бележи тренд на намалување.

Во 2024 година, Македонија имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100 илјади жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка меѓу земјите во регионот има Црна Гора – 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100 илјади жители. По неа следуваат Латвија со 2,40 и Естонија со 1,82. Најниска стапка во земјите од Унијата имало во Луксембург – 0,30, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

Во државава се бележи и тренд на намалување во изминатата деценија. Во 2014 година имало 1,21 убиство на 100 илјади жители, наспроти сегашните.