САД
Се урна зграда во Бруклин, најмалку двајца загинати и 17 повредени
12.11.2026 12:26
Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои седум деца, при уривање на трикатна зграда во Бруклин. Четворица се во критична состојба...

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои седум деца, при уривање на трикатна зграда во Бруклин. Четворица се во критична состојба, а над 250 спасувачи трагаат по евентуални преживеани.
„Не знаеме колку лица сè уште се наоѓаат во зоната на уривањето. Ова ќе биде долготрајна операција“, изјави Лилијан Бонсињоре, комесарка на противпожарната служба на Њујорк.
Зградата се урнала вчера околу 16 часот по локално време. Нејзините остатоци паднале во соседна градежна јама каде што се изведувале ископувања.
