Кривични пријави
12.11.2026 13:45
СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, Трајко Славески, и други вработени лица...

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, Трајко Славески, и други вработени лица, со барање надлежните институции итно да го истражат случајот со преземањето на Алта банка. Од опозициската партија тврдат дека станува збор за огромен финансиски скандал.
СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче лажат, Алта банка немала забрана за работа во Европската унија, па според тоа немало основ да биде спречена за влез во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ги следиме случувањата поврзани со Алта банка, но за да се испитаат одредени наводи, потребни се факти и материјал, вели шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
На вчерашната надзорна расправа за воведувањето администрација во „Алта банка“ беше потенцирано дека банката има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, а воведувањето на администрацијата не е последица на проблеми со работењето на домашната банка, туку поради одземањето на дозволата за работа на доминантниот акционер, Алта банка - Белград.
Марија Котовска
