невреме

Вчерашниот силен ветер во битолско предизвика штети и повредени

14.11.2026 10:53

До доцна во синоќа екипите на ЈП Комуналец работотеле на санирање на штетите и целосно расчистување на паднатите дрвја и гранки...

Тројца повредени, повеќе од дваесет паднати дрвја, оштетени автомобили, паднати бандери, а падна и дел од излог со метална конструкција од Одделението за водење на матични книги во центарот на Битола, е епилогот од вчерашното невреме со ветар кое го зафати Битола, со брзина до 53 км на час.

До доцна во синоќа екипите на ЈП Комуналец работотеле на санирање на штетите и целосно расчистување на паднатите дрвја и гранки. А на терен излегол и градоначалникот Тони Коњановски.

Од Ургентниот центар при Клиничка болница информираа дека кај нив се донесени две малолетни девојчиња и една жена, на кои им е укажана лекарска помош и пуштени се на домашно лекување. Повредите настанале при пад на излогот.

Од Центарот за управување со кризи во Битола информираат дека кај нив, на бројот 112 имало само 10 пријави.