„Flowers Symphony 2“ – филмска, оперска и поп-музика во симфониско издание
Под диригентската палка на Владимир Димовски, ќе настапат Оркестар DIVA во симфониски состав и Градскиот мешан хор „Балтепе“. Како солисти ќе се претстават сопраните Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани, а специјални гости ќе бидат Наде Талевска, Билјана Талевска и Бојан Стојков.

Дела од Енио Мориконе, Ханс Цимер, Леонард Бернштајн и Фреди Меркјури ќе бидат дел од концертот „Flowers Symphony 2“, кој ќе се одржи вечерва во Македонската филхармонија. На сцената ќе настапат Оркестар DIVA, Градскиот мешан хор „Балтепе“, домашни солисти и специјални гости.
Концертот ќе понуди спој на филмска, оперска и популарна музика во симфониски аранжмани, со изведби на познати композиции што оставиле белег во светската музичка продукција.
Под диригентската палка на Владимир Димовски, ќе настапат Оркестар DIVA во симфониски состав и Градскиот мешан хор „Балтепе“. Како солисти ќе се претстават сопраните Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани, а специјални гости ќе бидат Наде Талевска, Билјана Талевска и Бојан Стојков.
На програмата се „The Ecstasy of Gold“ од филмот „The Good, the Bad and the Ugly“, „Now We Are Free“ од „Gladiator“, легендарниот дует „Barcelona“, како и шпанскиот хит „Hijo de la luna“.
Публиката ќе има можност да ја слушне и аријата „Glitter and Be Gay“ од оперетата „Candide“ на Леонард Бернштајн, која важи за едно од најпредизвикувачките дела за сопрански глас.
Организаторите најавуваат концерт што преку симфониски аранжмани и изведби на домашни уметници ќе ги обедини различните музички жанрови во една заедничка сценска целина.
