Регион

Србија: Седница на новиот состав на Владата

17.11.2026 14:05

Денешниот ден се смета за почеток на нова етапа во земјата, со која завршува повеќегодишното владеење на Српската напредна партија (СНС) на поранешниот претседател на земјата, Александар Вучиќ.

Народното собрание на Србија денеска треба да ја одржи конститутивната седница на која ќе биде утврден новиот парламентарен состав по парламентарните избори одржани на 25 октомври. Денешниот ден се смета за почеток на нова етапа во земјата, со која завршува повеќегодишното владеење на Српската напредна партија (СНС) на поранешниот претседател на земјата, Александар Вучиќ.

Разликата од повеќе од 623.000 гласа ѝ носи на студентската листа, апсолутно мнозинство од 140 пратеници во 250-члениот парламент. СНС во новиот состав ќе има 103 пратенички мандати.