Образование

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во февруари

17.11.2026 17:45

По „Стив Наумов“, уште еден современ студентски дом. Привршува реконструкцијата на „Кузман Јосифовски – Питу“, кој вратите за студентите ќе ги отвори пред почетокот на вториот семестар. Објектот е темелно реновиран, со капацитет за 280 студенти, а инвестицијата изнесува 10 милиони евра.

Години наназад ова беше адресата на студентското разочарување. Дотраени соби, стара инфраструктура и услови за живеење што одамна бараа промена. Студентите конечно ќе добијат достојни услови за студентски живот.

Овој студентски дом ќе ги отвори вратите за студентите на 1 февруари, а има капацитет од 280 легла.

Министерството за образование деновиве ќе го распише конкурсот за прием во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.

Сместувањето ќе биде со партиципација од 6.600 денари, бидејќи, според законот, станува збор за енергетски ефикасен објект од категоријата тип 1.

По завршувањето на реконструкцијата на студентските домови, ќе продолжи реконструкцијата на училиштата со ресурсни центри, рече министерката за образование, Јаневска.

Ана Јосифоска