Македонија
УХМР: Променливо, но топло време до крајот на неделава
18.11.2026 18:49
Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти УХМР.
Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
