Временска прогноза
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд
19.11.2026 08:17
Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h)...

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 18 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.
