Свет

Средбата во Кина без конкретен договор за Украина

19.11.2026 17:11

По историската средба во Шенжен, Трамп, Путин и Џинпинг испратија пораки за глобален мир, но без конкретен план за Украина. Во Берлин, украинскиот претседател порача дека за иднината на неговата земја мора да се разговара со нејзино учество.

Историска средба на трите светски сили, но без конкретен договор за Украина. По 90 минути разговори во Шенжен, Трамп, Путин и Џјинпинг објавија заедничка декларација за мир, со фокус на нуклеарната безбедност, енергетиката и меѓународниот поредок.

„Нуклеарното оружје треба целосно да се забрани и уништи. Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води“, изјави Шји Џинпинг, претседател на Кина.

Украина била дел од разговорите, но не и од заедничката декларација. Трамп потврди дека имал долг разговор со Путин и изрази надеж дека војната ќе заврши, оценувајќи дека средбите со Путин и Шји се голема победа и нарекувајќи ги своите колеги „пријатели“.

Украина била една од темите на разговорите, но не е опфатена со конкретни решенија во декларацијата. Трамп потврди дека имал долг разговор со Путин и изрази надеж за крај на војната.

„Претседателот Путин и јас имавме долг разговор. Се надевам дека и другата страна сака да се стави крај на војната“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нашите земји имаат многу заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, секако, вклучувајќи го и конфликтот во Украина“, нагласи претседателот на Русија, Владимир Путин.

Додека во Шенжен се испраќаа пораки за глобална стабилност, во Берлин речиси 40 делегации, меѓу нив Зеленски, европски лидери и американските претставници Виткоф и Кушнер, разговараат за мировен договор, безбедносни гаранции и помош за Киев.

„Прашањата што се однесуваат на Украина мора да се решаваат со учество на Украина, а прашањата што се однесуваат на Европа – со учество на Европа. Ова е единствениот пристап што ќе го прифатиме“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Полскиот премиер Туск, реагирајќи на тоа што Трамп ги нарече Путин и Шји свои пријатели, порача: „Боже, заштити нè од такви пријатели“.

 

Бојана Крстевски