Македонија

Институтот за историја при Филозофскиот факултет одбележа 80 години постоење

19.11.2026 19:43

Со голема меѓународна научна конференција во Скопје, Институтот за историја одбележа 80 години постоење. Интересот за студирање е зголемен, што е особено важно во време кога се соочуваме со негирање на македонската историографија...

Се соочуваме со негирања, но се спротиставуваме со аргументи и смиреност. Тие што некогаш ја критикуваа македонската историјографија сега разбираат дека нивната критика политички се користи од други центри, а нам ни отвора големо поле за соработка и презентирање на нашите ставови втемелени на аргументи - вели професорот Далибор Јовановски од Институтот за историја.

Заедничка историја има на народите кои живееле во една држава таа покрај политичка е и економска, социјална. Проблем е кога заедништвото се сака да се исполитизира и да се отргне нашиот дел, вели професор Јовановски. Од студентите на Иститутот пак велат историјата да ја изучуваме, но да оставиме историја после нас.

Институтот за историја со научна конференција од национални приказни до испреплетени истории го чествува своето 80 годишно постоење.

 

Миле А. Ристески