Собрание

Последен ден од општата расправа за Буџетот, од утре стартува амандманската расправа

19.10.2026 19:00

Последен ден општа расправа за Буџетот за в година. Од утре почнува амандманската - опозициските партии поднесоа 400 амандмани. Ставовите за скроената државна каса поделени – власта се фали со економски раст во предизвикувачки услови, опонентите критикуваат за нереални бројки и проекции.

Сакате да претставите дека сериозно напредуваме и имаме економски развој, а бројките не кореспондират во Буџетот. Опозициската СДСМ со бројни критики на денешната комисиска расправа. Пратеникот Оливер Спасовски вели ќе има помалку пари за инфраструктурни проекти за изградба на патиштата и за програми за земјоделство. Манипулации и шпекулации се информациите кои ги изнесовте, реплицираше пратеникот Пренџов кој посочи дека просекот на економски раст додека Спасовски бил министер е 1,1 процент, а денес изнсува 3, 7.

Партијата Левица поднесе 80 амандмани за Предлог-буџетот за 2027 година. Пратеникот Амар Мециновиќ најави дека 7 се за алармантната состојба со семејното и родово базираното насилство.

Денеска е последен ден од општата расправа за Буџетот, од утре стартува амандманската расправа, опозициските партии поднесоа вкупно 400. 

 

Викторија Милевска