Македонија

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали медицинската сестра од ГАК ќе продолжи да работи со новороденчиња

19.11.2026 15:32

Медицинската сестра која при вадење на инфузија му пресече дел од палецот на новороденче е суспендирана и префрлена во млечната кујна. Дисциплинската комисија има рок од 60 дена да одлучи за нејзината понатамошна работа. Семејството на бебето најави тужба.

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали медицинската сестра, којашто при вадење на инфузијата му пресече дел од палецот на новороденче, ќе продолжи да работи со бебиња.

Комисијата е составена од доктор, адвокат и синдикален претставник и одлуката треба да ја донесе во рок од 60 дена.

Во меѓувреме, сестрата, која има дводецениско искуство, е суспендирана и префрлена во млечната кујна.

Семејството на девојчето најави тужба против ГАК. Клиниката го потврди случајот, кој го дефинираше како несакан настан.

Бебето е пуштено на домашно лекување.