Власта и опозицијата со спротивставени ставови за животниот стандард и јавниот долг
Растот на цените на енергенсите, животниот стандард и зголемениот јавен долг повторно ги судрија власта и опозицијата. Премиерот Мицкоски уверува дека нема да дозволи драстични поскапувања и дека граѓаните денес живеат подобро од претходно. Од СДСМ, пак, оценуваат дека граѓаните се на работ на егзистенцијата и ја обвинуваат Владата за лоша економска политика и ново задолжување.

И покрај трендот на раст на цените на енергенсите, кои се и до трипати повисоки од лани, Владата ќе настојува да го заштити животниот стандард на граѓаните, уверува премиерот Мицкоски. Владата, вели тој, нема да дозволи драстични скокови на цените, иако Регулаторната комисија веќе најави зголемување на цените на електричната и топлинската енергија. Државниот завод за ревизија, пак, за септември објави дека само за храна и пијалаци месечно се потребни 26 илјади денари. Сепак, премиерот смета дека во последните три години се живее подобро отколку претходно.
Граѓаните се на работ на егзистенцијата. Којзнае како ќе ја преживеат наредната зима, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според опозицијата, владината економска политика е крајно лоша. Фактот што не е прифатен ниту еден амандман предложен од опозицијата за доброто на граѓаните, според Филипче, говори за тоа колку власта се грижи за нив.
Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за зголемувањето на јавниот долг на земјата. Според Мицкоски, долгот е зголемен поради враќањето на претходните заеми што ги направила сегашната опозиција. Филипче, пак, тврди дека долгот не би се зголемил двојно доколку Владата не земала нови заеми.
Фиљана Кока
