Духовна блискост
Духовната блискост и историските врски меѓу Македонската и Руската православна црква беа во фокусот на средбата на рускиот патријарх Кирил со македонската црковна делегација во Москва...

„Ние сме Словени, припаѓаме на кирилометодиевската традиција и си го разбираме јазикот едни на други“. Рускиот патријарх Кирил, на средбата со македонската црковна делегација во резиденцијата во Даниловиот манастир во Москва, ја истакнал духовната блискост на двете цркви, изразувајќи задоволство од можноста за заедничка молитва и богослужба. Додал дека македонските делегати за првпат присуствуваат како претставници на автокефалната Македонска црква.
„Многу нешта нè поврзуваат. Поради тоа што сме Словени, припаѓаме на кирилометодиевската традиција и меѓусебно си ги разбираме јазиците. Многу сум радосен што сега имаме можност заедно да се молиме и да служиме богослужби. Оваа наша средба е посебна, вие за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква, помесна црква, која доби законска автокефалија“, истакнал рускиот патријарх Кирил.
Македонската црковна делегација, составена од дебарско-кичевскиот митрополит г. Георгиј и епископот хераклејски г. Климент, се заблагодарила за поддршката на Московската патријаршија во решавањето на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и за одлуката на Српската православна црква да ѝ додели автокефалност.
На средбата, по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх, била пренесена искрената и срдечна честитка од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„Во вашето одговорно просветителско служење на чело на Руската православна црква во целост се откриваат вашата духовна Духовната блискост и историските врски меѓу Македонската и Руската православна црква беа во фокусот на средбата на рускиот патријарх Кирил со македонската црковна делегација во Москва.и татковска грижа“, се вели во честитката, која ја објави и Московската патријаршија.
Односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква активно се развиваат. Студенти од Македонија студираат во образовните институции на Руската православна црква, а се разговара и за низа други заеднички проекти.
Марија Котовска
