Македонија

Андоновски ќе ги презентира резултатите на Македонија во индексот на ОН за развој на е-влада

23.11.2026 09:42

Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, развојот на дигиталната инфраструктура и човечкиот капитал.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира резултатите и напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година.

Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, развојот на дигиталната инфраструктура и човечкиот капитал.

На прес-конференцијата се очекува Андоновски да ја соопшти позицијата на земјава во меѓународното рангирање и да ги претстави постигнувањата во областа на дигитализацијата на јавните услуги.