Јаневска: Изградивме ефективен систем за образование на возрасните, потврда и во Извештајот на ЕУ
Донесен е нов Закон за образование на возрасните, зајакнат е Центарот за образование на возрасните и поедноставен е процесот на признавање на знаењата и вештините стекнати преку неформално и информално учење.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека реформите во образованието на возрасните веќе даваат резултати, а напредокот е нотирани и во Извештајот на Европската унија за 2026 година.
Донесен е нов Закон за образование на возрасните, зајакнат е Центарот за образование на возрасните и поедноставен е процесот на признавање на знаењата и вештините стекнати преку неформално и информално учење.
Унапреден е и системот за основно образование на возрасните, а преку обуки, преквалификација и доквалификација им се овозможува на граѓаните полесно да се приспособат на потребите на пазарот на трудот.
Јаневска посочи дека целта е да се достигне европскиот просек од 47 проценти вклученост на населението на возраст од 25 до 64 години во различни форми на образование. Во земјава овој процент изнесува 25 проценти.
