Уставните измени се неопходен се чекор

23.11.2026 20:32

Уставните измени се чекорот кој е неопходен за продолжување на процесот на пристапување кон Европската Унија. Исполнете си ја обврската, порача еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос во интервју за МРТ. Таа посочи дека ЕУ не сака процесот на пристапување да биде обременет со билатерални прашања, но останува фактот дека земјите-членки секогаш ќе ги штитат своите интереси и тоа не е ништо ново. Реформите во областа на владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата и понатаму остануваат задачи кои треба да ги решава Владата. Во интервјуто Кос посочи и на бенефитите, особено за младите генерации, од полноправното членство во Европската Унија.