Продолжува надзорната расправа за Алта банка во Собранието
Расправата ќе продолжи со сослушување на преостанатите учесници повикани од Комисијата. Пред пратениците треба да бидат разгледани околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи надзорната расправа за причините за воведување администрација во Алта банка – Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.
Според собраниската прес-служба, расправата ќе продолжи со сослушување на преостанатите учесници повикани од Комисијата. Пред пратениците треба да бидат разгледани околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.
Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, вчера информираше дека меѓу поканетите се и претставници на менаџерскиот тим, Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка. Според неа, до вчера ниту едно од лицата на списокот на поканети сведоци не го потврдило присуството.
Лукаревска посочи и дека дел од поканетите по вторпат се на службен пат токму во периодот кога треба да се одржи надзорната расправа.
