„Сонатни приказни“ – камерна музичка вечер во рамките на „Есенски музички свечености“
На концертот ќе настапат пијанистот Зоран Станишиќ и виолинистот Стефан Котевски, а како гости ќе им се придружат флејтистката Јосипа Василевска и фаготистот Злате Огњановски.

Концертот „Сонатни приказни“ ќе се одржи вечерва во Салон 19’19 при Културно-информативниот центар во Скопје, во рамките на 27-то издание на „Есенски музички свечености“ 2026. Настапот е закажан за 20 часот.
На концертот ќе настапат пијанистот Зоран Станишиќ и виолинистот Стефан Котевски, а како гости ќе им се придружат флејтистката Јосипа Василевска и фаготистот Злате Огњановски.
Програмата е посветена на европското класично музичко творештво и опфаќа дела од Паул Хиндемит, Јоханес Брамс, Гаетано Доницети и Едвард Григ. Преку различните композиторски стилови и инструментални состави, публиката ќе има можност да проследи разновидна камерна музичка програма.
„Есенски музички свечености“ се одржуваат во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
