Уапсен сопственикот на „Информер“
Првичните информации на белградските медиуми велат дека Вучиќевиќ бил приведен од полицајци во цивил во непосредна близина на зградата каде што е сместен „Информер“. Се очекува во текот на денот тој да биде изведен пред надлежен обвинител на сослушување.

Сопственикот на српската телевизија „Информер“, Драган Вучиќевиќ, е уапсен во Белград под сомнение за предизвикување паника и попречување на правдата.
Првичните информации на белградските медиуми велат дека Вучиќевиќ бил приведен од полицајци во цивил во непосредна близина на зградата каде што е сместен „Информер“. Се очекува во текот на денот тој да биде изведен пред надлежен обвинител на сослушување.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи на Србија за приведувањето на Вучиќевиќ.
Веста за апсењето ја соопшти и самиот „Информер“, а на темата се огласи и шефот на пратеничката група „Србија победува“ и поранешен претседател на Србија, Александар Вучиќ, за време на собраниска седница. Вучиќ го осуди апсењето, тврдејќи дека е поврзано со неговата новинарска работа.
