Земјава испорачува реформи
Македонија ги испорачува реформите, местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија – премиерот Мицкоски е оптимист дека интеграцијата во Европа скоро ќе стане реалност

Македонија ги испорачува реформите, местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија – премиерот Мицкоски е оптимист дека интеграцијата во Европа скоро ќе стане реалност. Според него, земјава е најдобра во испораката на реформи во рамките на реформскиот процес за членство во Европската Унија, повторувајќи го ставот дека патот на Црна Гора и Албанија наликува на автобус што само се ниша.
Мицкоски не го коментираше ставот на директорот на Директоратот за проширување, Копман, кој изјави дека блокадата не е во Европската Унија, туку во Македонија.
Од друга страна, социјалдемократите, кои ја обвинуваат власта за антиевропска реторика и неуспех со реформите, велат дека се лажело и кога се тврдело дека идентитетот и јазикот не се заштитени, за сега такви пораки и признанија да доаѓаат од државниот врв.
Тоа што следува по самитот во Брисел е охридскиот самит Брдо-Бриони, каде што одново ќе се разговара за интегрирањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Миле А. Ристески
