Почина гитаристот на „Дјуран Дјуран“ Енди Тејлор
Тејлор имаше значајна улога во создавањето на препознатливиот поп-рок звук на „Дјуран Дјуран“, особено во раните 1980-ти, кога бендот беше на врвот на светската популарност.

Поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“, Енди Тејлор, почина на 66-годишна возраст од рак на простата. Тој починал во понеделникот во својот дом, опкружен со семејството. Веста ја потврди неговата сопруга за списанието „Варајети“.
Тејлор имаше значајна улога во создавањето на препознатливиот поп-рок звук на „Дјуран Дјуран“, особено во раните 1980-ти, кога бендот беше на врвот на светската популарност.
Во соопштението објавено во име на семејството, неговата сопруга Трејси истакна дека зад музичарот со светска слава стоел посветен семеен човек.
„За светот, Енди беше брилијантен гитарист, но за нас, тој беше прекрасен сопруг, грижлив татко и неизмерно горд дедо“, наведе таа, додавајќи дека семејството секогаш му било на прво место.
Од Тејлор се збогуваа и неговите поранешни колеги од „Дјуран Дјуран“, кои истакнаа дека бил дел од бендот уште од почетокот на нивната музичка приказна и дека со својата енергија и самодоверба оставил препознатлив белег во нивната музика.
