Македонија вечерва против Кипар во претквалификациите за Евробаскетот 2029
Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал го одработија вчерашниот тренинг во комплетен состав, а утрово ќе имаат уште еден полесен тренинг пред дуелот.

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го пречекува Кипар во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Натпреварот ќе се одигра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со почеток во 18 часот.
Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал го одработија вчерашниот тренинг во комплетен состав, а утрово ќе имаат уште еден полесен тренинг пред дуелот.
Сепак, стручниот штаб се соочува со проблеми поради повреди. Валмир Какруки нема да биде во конкуренција поради повреда на левиот бутен мускул, здобиена на последниот натпревар за Башкими. Поради повреда, натпреварот ќе го пропушти и Андреј Андоноски.
Како дополнување на составот, селекторот испрати повик до Дамјан Робев од Работнички.
Натпреварот од групата Ф ќе го судат Французинот Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов.
Преносот од натпреварот следете го на МРТ1 од 17:50.
Фото: mkd.basketball
