Трамп и Руте ја повикаа Русија да не ја проширува војната во Украина
Двајцата лидери ја истакнаа важноста Русија да избегнува какви било дејствија коишто, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната.
Американскиот претседател, Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата во Палм бич на Флорида, излегоа со заедничка изјава во која ја повикаа Русија да не ја проширува војната во Украина.
Двајцата лидери ја истакнаа важноста Русија да избегнува какви било дејствија коишто, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната. Додадоа и дека изнаоѓање мирно решение на конфликтот во Украина што можно поскоро е од големо значење.
Во меѓувреме, Русија со балистички ракети ги нападна Киев и Харков, има повредени. Руските сили од септември редовно ги напаѓаат Киев и другите украински градови.
Фото: НАТО
